Струшките гимназијалци на протест

Гимназијалците од Струга и Дебар  на протест.

Учениците од  струшките  „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“  денеска  со мирен протест го изразија својот револт  против онлајн настава, а нивните врсници  од Дебар го бојкотираа првиот училишен час.  Бараат образовен процес со физичко присуство.

-Ова не е политички протест, ниту партиски митинг за  најголемото злосторство што му  се прави на еден народ,  запирање на оброзованието. Мегутоа, извинете но ке се правам малку себичен, ке зборувам за еден мој сон, што верувам дека многу од вас, учениците, деца, насите родители може да го имаат, за нас да имаме еднакви услови, за еден ден ова место, Струга, Кицево, Дебар, цела Македонија, цел Балкан да биде како Германија, Швајцарија, Италија и цела Европа.  Единственето нешто што ми даваше надеж беше школото, зошто еден ден, јас и сите вие ке бидеме поедуцирани и ке правиме нешто за нашата држава. Изгледа мојот сон за едно европско место, умре, се извинувам, но умре, нема кој да го подржи, нема како да се бориме, но ние инспириравме надеж, ние сме надежта на иднината, верувајте!, рече еден од средношколците. 

И општина Струга ги поддржа средношколците, од таму  денес повторно испратиле барање да се преисппита одлуката.

-Видовме дека има многу пречки и невозможно е наставата да тече онлајн како што треба затоа на Совет доднесовме одлука и ппобаравме од министерство да се реализира настава со лично присуство на децата“ изјави  Дашмир Насуфи шеф на кабинет на градоначалникот на Струга.

Social profiles