Струшките пензионери на летување во Албанија

Над стотина членови на ЗП-Струга,учесници на летувањето во Албанија,изразуваат големо задоволство за можноста што им беше дадена „на повозрасните“да летуваат ова лето во соседна Албанија.

 

Во двете смени по пет дена летуваа по 50 пензионери,а домаќин на струшките пензионери беше хотелот „Гранд“ во Драч.

Покрај убавото одмарање,капење и сончање,уште од првиот ден,беа посетени повеќе културно-историски објекти.

Оваа летување траеше од 27 август во две смени по пет дена до девети септември 2018 година,кое остави многу убави спомени за престојот во Драч,Албанија,голем дел од нив посакаа повторно да летуваат,вели секретарот на ЗП Струга ,Изеир Мустафаи,кој беше водич на групите.

Додека пак претседателот на здружението Милорад Трпоски, истакна дека ова е петто по ред традиционално летување во Драч.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани