28 годишен стружанец бил нападнат со нож и врзан со јаже. Немилиот настан се случил синоќа околу 20 часот во центарот на Струга
Според соопштението објавено на веб порталот на МВР , на 24.11.2017 година во 21.15 часот во Полициската станица Струга, И.М. (28) од Струга пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот, позади „Пензионерскиот дом“-Струга, со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, а управувано од М.Н., кога пристигнале и излегле од возилото, М.Н. ненадејно со нож го прободел во пределот на десната страна на грбот, по што И.М. паднал на земја. Тогаш, М.Н. со јаже му ги врзал нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец. По околу 20 минути И.М. успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со лицето Ј.М. се упатиле во Медицински центар Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
