24 годишен стружанец фрлил шише полно со запаллива течност кон домот на познаник и ја оштетил влезната врата.
Според полициското соопштение, настанот се случил на 07.01.2018 година околу 19.30 часот во куќа на ул. „Муртеза Татар“ во Струга, сопственост на А.Р. (63) од Струга. Притоа, стружанецот М.Ш. (24) од Струга, фрлил пластично шише со непозната запалива течност, при што била оштетена влезната врата.
-Полициски службеници излегле на местото на настанот, по што бил обезбеден и приведен М.Ш. за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.