Изградбата на хотели во Охрид веќе не е ризик

Охридските хотели одбележуваат успешна зимска сезона. Покрај тоа што редовно се букирани од април  до октомври, исполнети  со туристи се  и во декември и јануари. 

 

Дел од хотелите се комплетно закупени  за цела 2018 година со гости од САД.

 „Имаме соработка со  агенција од Америка и најчесто имаме амерички гости. Клучот на успехот е работа,  шетање по други земји нудење и носење на туристички понуди“, вели Марјан Трпески менаџер по хотелиерство.

На брегот на Охридското езеро минатата година се изградија неколку  нови современи хотелски капацитети. Интерес за изградба на хотели има и од домашни и од странски инвеститори. Конкуренцијата е поттик за подобра услуга сметаат хотелиерите.

-„Охрид треба да има поголема туристичка понуда и знаете како конкуренцијата е добра работа штом имаме поголема конкуренција сите треба да даваме различни услуги.0557 Ризикот не е никогаш ризикот постои во секој период меѓутоа веруваме дека самите ние како хотлеиери со зголемената конкуренција кон гостите ќе дадеме подобра услуга“, вели Виолета Ангеловска менеџаер по хотелиериство. 

Вложувањето во хотелски капацитети на брегот на Охридкското езеро веќе не ризик, бидејќи Охрид е афирмирана европска дестинација.

новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles