Со богослужби ќе отпочне славењето на празникот Св.Стефан

Во чест на претстојниот празник „Св.Стефан“, денеска и утре ќе се одржат богослужби.

По повод празникот Свети Стефан, денеска на 8-ми јануари, во манастирскиот комплекс „Св.Стефан“ ќе се одржи празнична вечерна богослужба со почеток во 16 часот.Утре, на празникот Св. Стефан, во 08 часот ќе се одржи утрена литургија.По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. Манастирот „Св.Стефан“ е сместен е во ретко убав предел што овозможува убав поглед кон целото крајбрежје на езерото и градот Охрид. Манастирската црква е сместена во природна пештера која е проширена во нартексот, кон надвор, за да може да ги прими редовните посетители, што доаѓаат постојано во голем број. Се претпоставува дека манастирот потекнува од XIV век, период кога е во подем анахоретскиот живот на бреговите на Охридското Езеро. Во прилог на ова се и зачуваните фрагменти од стариот живопис.Покрај манастирската црква изградени се конаци, во кои претстојуваат поклониците, што доаѓаат да се поклонат и да се помолат на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, патронот на овој манастир.

Social profiles