Митровденска задушница – ден за спомен и молитва за покојните

Православните христијани утре, 7 ноември, ја одбележуваат Митровденската или есенската задушница, ден посветен на споменот на починатите и молитвите за покој на нивните души.

Во пресрет на големиот христијански празник Митровден, кој се празнува на 8 ноември, верниците ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски, палат свеќи и се молат за упокоените.

На овој ден во православните храмови се служат помени за починатите. Верниците традиционално носат варена пченица, леб и црвено вино, кои се дел од обредот за помен, а се раздава и храна за душа на покојните.

Митровденската задушница е една од трите големи задушници во православната традиција. Саботата е определена за молитвено сеќавање на починатите, потсетувајќи на значењето на молитвата, почитта и сеќавањето на оние кои повеќе не се меѓу нас.

За оние кои не се во можност да ги посетат гробовите на своите блиски, помен за покојните може да се направи и во црква.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани