По повеќе од еден век науката именува нов вид на мачка

Во облачните шуми на Боливија живее мала дива мачка која изгледа речиси како домашна, но научниците открија дека зад нејзиното необично крзно се крие целосно нов вид.

Наречен е Leopardus tilcayo, а досега е потврден само мал број живи примероци. Еден од нив е десетгодишниот мажјак Тигрино, кој тежи само околу еден и пол килограм и е долг 46 сантиметри – помал е и од просечна домашна мачка.

Приказната за откритието започнала во 2016 година, кога маче пронајдено покрај пат било однесено во дом, а подоцна завршило во засолниште за диви животни.

Години подоцна, генетските анализи покажале дека научниците пред себе немаат ниту домашна, ниту една од веќе познатите тигрести мачки.

ДНК анализата открила дека лозата на овој вид се одвоила од другите тигрести мачки пред околу 1,4 милиони години.

Научниците сметаат дека ова откритие покажува колку сè уште има непознато во светот на мачките – дури и денес, во време кога се чини дека природата одамна ги открила сите свои тајни.

А токму приказните за мачките – диви и домашни, познати и сосема непознати – ќе бидат тема на нашиот нов серијал.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани