Стружани нападнале дојранчанец во Скопје

Двајца стружани нападнале дојранчанец во Скопје.

Физичкиот напад се случил вчера во Скопје во Студенски дом “Пелагонија“.Според полициското соопштение од МВР, на 01.03.2018 година во 04.40 часот, Г.Д.(20) од Дојран пријавил дека истиот ден околу 04.00 во ходникот на Студенски дом “Пелагонија“ во Скопје, тој и неговиот другар  А.В.(21) од село Злаести, биле физички нападнати од лицата Д.С. од Пробиштип, К.К. и Т.Н. двајцата од Струга и од уште едно непознато лице. Притоа напаѓачите ги удирале Г.Д. и А.В. со раце и нозе по главите и телата, при што им нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани