Субвенции за дефицитарните занаети

Општина Охрид објави јавен повикза субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет.   Висината на субвенцијата ќе се утврдува така што вкупниот износ на средствата планирани за оваа активност во буџетот на општина Охрид ќе се распределат пропорционално со бројот на пријавените занаетчии од дефицитарни занаети

Право на учество на јавниот повик имаат регистрирани занаетчии од дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет, согласно Законот за занаетчиство како физички  правни лица: опинчари, четкари, свеќари, изработка на хартија, клучари, РТВ механичари, книговезни и сродни услуги, валајчарство, чевлари, бојаџии, кувенџии и ткајачи, како и занаетчиите кои имаат подмирени обврски кон општина Охрид, (комунална такса – фирмарина) за претходните две години овие податоци Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани