Денес се празнува Свети Архангел Гаврил. Гаврил — архангел во аврамските религии кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите седум архангели кои претстојат пред престолот Божји.
За прв пат се појавува во Книгата на пророкот Даниел во рамките на Хебрејската Библија. Некои го нарекуваат и отелотворение на Светиот Дух. кристијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во исламот пак, тој му го открил (дал) Куранот на пророкот Мухамед.
Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Талмудот вели дека тој е единствениот ангел кој знае да зборува сириски и арамејски. Во Исламот Гаврил е еден од главните Божји гласници но другиве горенаведени титули не му се припишуваат (бидејќи, на пример, ангел на смрта е Азраил).
Во Католичкото Предание се смета за еден од архангелите. Во исламот е главниот од четирите блажени ангели и духот на вистината, а според некои други (неисламски) гледишта, Гаврил и Светиот Дух се едно исто. Се споменува и во Бахаизмот, највеќе во мистичното дело Бахаула со наслов Седумте долини.
Светиот Архангел Гавриил
Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж – Бог, крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На овој број некои им го додаваат и Еремиил. Секој од нив има посебна служба, а сите тие се рамночесни. Зошто Бог не го испрати Михаил? Зашто неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера. А службата на Гавриил е благовестење за човековото спасение.