Свежо цвеќе во чест на Светите браќа Кирил и Методиј

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, градоначалникот на Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе во чест на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј, основоположници на словенската писменост и духовност.

Во објавата по повод празникот, Пецаков истакна дека Светите Кирил и Методиј се траен симбол на македонскиот културен идентитет и дека зад себе не оставиле само букви, туку непроценливо духовно и цивилизациско наследство кое и денес претставува темел на културата, образованието и националната самобитност.

Тој нагласи дека нивното дело обврзува на зачувување на знаењето, вложување во образованието и поддршка на младите генерации, со цел да продолжат да ги негуваат вредностите што ги поставиле просветителите.

„Нека продолжи да живее делото на Светите Кирил и Методиј! Нека ни е честит и вековит 24 Мај!“, порача градоначалникот Пецаков.

Свежо цвеќе пред споменикот положи и градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски.

Со овој свечен чин им оддаваме признание на рамноапостолните браќа, кои со создавањето на првата словенска азбука ни подарија писмо, културно достоинство и оставија трајна трага во светската цивилизација.
Нивното епохално дело, кое својот најголем расцут го доживеа токму преку Охридската книжевна школа, останува наш вечен светилник и светол аманет – да го чуваме, сакаме и негуваме нашиот мајчин јазик, напиша Сиљаноски.

24 Мај традиционално се одбележува како ден посветен на сесловенските просветители и нивниот огромен придонес во развојот на писменоста, образованието и културниот развој на словенските народи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани