АМСМ известува за свлечиште на магистралниот пат кај кичевско Тајмиште и апелира на внимателно возење.
На магистралниот пат Гостивар-Кичево по планинскиот премин Стража кај селото Тајмиште има свлечиште поради што сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента само за лесни возила.
Екипи на Македонија пат работат на побрзо отстранување на слвечиштето и нормализирање на сообраќајот.АМСМ пвоедно потсетува дека на потребата од внимателно возење и на патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км), поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.
