Татко нападнал син со тврд предмет пред семејството

Во СВР Охрид синоќа е пријавен случај на семејно насилство, во кој татко физички го нападнал својот син.

Според информациите, на 01.04.2026 година во 21:10 часот, 41-годишен жител на охридско село пријавил дека околу 19:00 часот во неговиот дом дошол неговиот татко А.С.(64) и физички го нападнал, при што употребил тврд предмет.

Инцидентот се случил пред сопругата и малолетните деца на пријавителот.

Од СВР Охрид информираат дека А.С. е повикан на службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани