Тепачка меѓу двајца охриѓани.
На 03.06.2022 година во 01,40 часот во двор од куќа лоцирана на улицата „Андон Дуков“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(37) и М.Р.(22), двајцата од Охрид. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.