На 31.03.2026 во 15:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле А.К.(33) и С.Н.(36), двајцата од Охрид, поради нарушување на јавниот ред и мир.
Како што информира полицијата, тие во гаража во трговски центар во Охрид, додека извршувале работни задачи, влегле во меѓусебна физичка пресметка, при што бил оштетен дел од инвентарот.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
