Тешко повреден 77 годишник при пад од тераса.
На 02.04.2025 во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во Охрид имало паднато лице од висина. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирано е дека Н.Н.(77) од Охрид, лице со здравствени проблеми, паднал од тераса на вториот кат на куќа на првиот кат. За настанот е запознaен јавен обвинител. Н.Н. од страна на Итна медицинска помош веднаш бил пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.
