На 26.08.2026 во 15:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмолје–Ќафасан, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од струшкото село Радожда, мотоцикл „кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(20) од Струга, две паркирани возила – „мерцедес“ со албански национални ознаки и „крафтер“ со струшки регистарски ознаки – и пешакот Б.Д.(61) од Република Албанија.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека кај Б.Д. биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и полициски екипи.
