Возач од Охрид лишен од слобода со 1,80 промили алкохол

На 26.08.2026 во 12:35 часот на булеварот „7 Ноември“ во Охрид, од слобода е лишен Б.Х.(32) од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Х. го управувал возилото со 1,80 промили алкохол во крвта.

По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено. По целосно документирање на настанот, против Б.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за кривично дело „безобѕирно управување моторно возило“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани