Општина Дебарца на референдум да се изјасни за изградба на регионална депонија.
Поради големиот револт на жителите , кои со протести и блокади ќе се борат против одлуката на министерството за животна средина, за изградба на депонија во селото Годивје, првиот човек на општината денес побара од советниците итно да распишат референдум.
-Давам предлог за покренување на иницијатива за распишување на референдум врз основа на член 28 од Законот за локална самоуправа, до Советот на Општина Дебрца, за изјасување на граѓаните од Општина Дебрца по однос предложената локација за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца.и повикувам советниците без разлика на политичка припадност да дадат целосна подршка за дадениот предлог и донесат позитивна одлука за распишување на референдум, изјави градоначалникот на општина дебарца Игор Трајкоски.
И концесионерот на ловиштето Караорман, против изградбата на депонијата. Загрижени бараат реакција и од УНЕСКО, бидејќи фабриката за отпад ќе ги загадува трите реки кои се вливаат во Охридското езеро.
– Со тоа и туристите од Охрид ќе бидат приморани да бегаат надвор од Охрид, ќе бидат прморани и ловџиите повеќе да не доѓаат на лов затоа што цела планина ќе биде загадена. Мислам дека излишно е да се зборува за депонија во еен вака еколошки чист простор, вели Добре Чорески концесионер на ловиштето „Питон Караорман“.
Жителите на Дебарца децидни и гласни против депонијата во Годивје. Според нив Дебарца е најчиста еколошка средина и најмал производител на отпад во регионот. Доколку министерството не го стопира проектот најавија радикални протести и блокади на патишта.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 Тв