Дојде време кога после цел еден мандат треба повторно да се погледнеме во очи. Да се потсетиме на се она што изминативе четири години преку макотрпна работа се започна и спроведе, рече градоначалникот Игор Трајкоски.
И сигурен сум дека мојата чесна и одговорна работа беше факт кој допринесе за добивање на повторна кандидатура на овие локални избори. Тоа го согледа мојата политичка партија ВМРО ДПМНЕ, тоа го согледа Претседателот Груевски, а тоа сигурен сум дека и жителите на Општина Дебрца не само што го согледаа туку и ќе го потврдат на 15 октомври. Денес со мојот тим и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба не ја бараме само напразно туку ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште повеќе.
Денес ќе го разгледаме нашето дејствување во однос на образованието во општина Дебрца. Затоа Ве молам потсетете се само пред 4 години на што се базираше образовниот циклус и во какви услови се обвиваше истиот. Кога говорам сакам тоа да биде потврдено со факти и фотодокументација.
Затоа денес ги приложувам дел од реализираните проекти, но ќе изнесам и дел од проектите кои ќе бидат спроведени.
– Изградено Монтажно основно училиште во Волино
– Реконструирано Основно училиште во Требеништа
– Реконструирано Основно училиште во Оровник
– Реконструирано Основно училиште во Лешани
А ова се дел од проектите кои ќе бидат спореведени:
Во Оровник – Партерно уредување на дворот на училишната зграда и изградба на игралиште за Баскет
Требеништа – Партерно уредување на дворот на училишната зграда и поставување на систем за парно греење.
Волино –Реконструкција на стара училишна зграда
Мешеишта- Партерно уредување на дворот на училишната зграда и поставување на систем за ценрално греење.
Ботун- Реконструкција на училишна зграда.
Белчишта- Промена на системот за греење и замена на столарија.
Лешани- Партерно уредување на дворот на училишната зграда и Изградба на Спорска сала во склоп на училиштето .
Велмеј- Реконструкција на училишна зграда
Издеглавје- Реконструкција на училишна зграда.
Општината ќе ги стипендира најдобрите 20 ученици
Опремување на училишта и училишни кабинети
Почитувани, во моите излагања секогаш говорам и ќе говорам со факти, бидејќи нив ниедна лага неможе да ги сруши, бидејќи пред фактите сите треба да молчат. Се надевам дека ќе имаат таква доблест и противкандидатите.