Трет ден битка со пожарите во охридско

Пожарникари, ренџери и  волонтери трет ден се борат со огнената стихија која  беснее над селата Опеница, Косел, Вапила,  Куратица и Расино. Утринава на помош се и два хеликоптери, кои  црпат вода од Охридското Езеро и ја испуштаат на критичните места  во тешко пристапни предели.

Дополнително се дејствува и од копно со  механизација се  прават земјени насипи  со цел да спречат ширење на огнот.

Од пожарната единица велат нема опасност за проширување на пожарот во селата.

-„Од раните утрински часови се вклучени два хеликоптери кои гаснат од воздух на тешко пристапните места Се обидуваме тие критични точки да ги ставиме под конторла, нема опасност по околните села“, вели , Борко Jaнкулоски командир на ТППЕ Охрид

– Пожарната заедно со шумското и останатите вклучени во кризниот штаб и останатите вклучени во гаснење на пожарот веќе се организираат по завршување на појасот кон селото Косел да завршат и со појасот Расино кој што е на непристапен терен и тука е проблемот, меѓутоа генерално состојбата се подобрува на веќе поставени појаси и периметри“, Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.

На помош на охридските пожарникари  им се  колеги од другите градови, голем број доброволци мештаните од околните села и  ренџерите од НП Галичица.

–  Жива сила мора да има на терен псоле гасењето да се оржува пожарот да не земе повторно замав  погодово во пладневните часови. Сликата е девастирана за жал се е човечки фактор тоа е нешто неверојатно. Да е само тревата таа брзо може да се обнови но смреки  четинари зимзелени дрва тоа е многу тешко тоа е трагедија“, вели  Ѓуро Јовчески од НП Галичица.

Повеќе од една недела гори и нiиска   вегетација  на Плаќенска планина. Мештаните велат има опасност овој пожар да навлезе во боровата шума. Чадот од пожарите деновиве силно се чувствуваа  во Охрид,  меерните станици покажуваат  двојно поголема концентрација на штетните ПМ 10 честички.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани