Туристичкиот центар во Вевчани ќе го носи името на идеолошкиот водач Коста Србакоски.
-„На мој предлог, а прифатен од членовите на Советот на општина Вевчани, денес се донесе одлука името на објектот на старата училишна зграда да гласи:
Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ – Вевчани. На објектот ќе се постави табла со следниов натпис „МУЛТИКУЛТУРЕН ЦЕНТАР КОСТА СРБАКОСКИ.
Коста Србакоски (16.9.1943 – 26.8.2020), Вевчанец, но пред сé човек – светилник. Заштитник на природата. Идеолошки водач на Вевчанското движење на отпорот и на вевчанскиот сепаратизам од злото и неубавото. Неговата посветеност против сите манифестации на тоталитаризам беше и остана побистра и од најбистрите вевчански води. Посветено на неговата мисија“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.
