Уапсен охриѓанец – кај него пронајдени дрога и оружје

На 21.04.2026 година во 11:00 часот, во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Х. (51) од Охрид.

При преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Подоцна, по наредба од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени:

  • автоматска пушка со рамка со 20 куршуми
  • пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми
  • револвер без сериски број и ознаки

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани