Уапсен охриѓанец откако, го нападнал својот 10-годишен син 

На 24.03.2026 во 23:00 часот, во охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Г.Ц. (44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга.

Според пријавата, околу 20:00 часот во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал нивниот 10-годишен син, и покрај тоа што против него имало решение од 19.06.2025 година со заштитни мерки во траење од 12 месеци, со кое му било забрането да врши физичко и психичко насилство врз неговата сопруга и нивните деца.

Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата сопруга и нејзината мајка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани