УБИСТВО ВО ОХРИД: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

МВР експресно го расчисти вчерашниот случај на убиство во Охрид, при што осомничениот е приведен истиот ден по пријавата.

На 27.03.2026 во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го лишиле од слобода Ж.Г.(53) од истото село, кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден во 08:24 часот во СВР Охрид било пријавено дека во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани