Педесетина основци од Охрид и од Скопје учествуваа во Глобалниот светски проект Climate Action project.
Заедно со уште 248 училишта од 70-ина земји од цел свет, македонските основци соработуваа на теми за климатските промени во текот на четири возбудливи недели.
На проектот што го поддржаа познати светски личности и медиуми учествуваа основните училишта „Кочо Рацин“ од Охрид, под менторство на одделенската наставничка Виолета Петковска, и „Крсте Петков Мисирков“ од Скопје и наставничката Маја Виденовиќ.

– Учениците спроведоа истражување, размислуваа и разговараа за идеи, ги презентираа и ги споделија своите сознанија за овие теми преку видеа и онлајн-презентации, скајп-сесии и лекции. Во проектот за климатска акција ги разградуваме ѕидовите во училниците и ги поврзуваме учениците преку 69 земји. Учениците ги споделуваат своите наоди преку неделни видеа или презентации. Учениците стануваа новинари, а нивните училници станаа редакции – вели Петковска, која проектот го работеше со ученици од петто одделение.
Повеќе на Факултети.мк.
