Учениците од угостителско лидери во струката!

На 5.12.2018 година во штипското средно училиште ,,Коле Нехтенин” се одржа петтиот државен натпревар ,,Лидер на струка 2018” во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование.

 

На овој натпревар учествуваа 30 ученици од завршните класови од угостителско-туристичката струка од 7 училишта.

Натпреварувачкиот дел се состоеше од писмен тест и практична задача соодветна за образовниот профил од угостителско-туристичката струка, каде учениците ги покажаа стекнатите знаења и вештини.

Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески” на овој натпревар постигнаа завидни резултати.

Дарко Ристески – готвач I место- Лидер на струка (под менторство на професор Војо Ангелоски)

Ертан Мехмедоски – келнер III место (под менторство на професор Зоран Нанески)

Христијан Талески – угостителски техничар II место (под менторство на професор Блаже Јорданоски)

Станка Бежоска – хотелско-туристички техничар III место (под менторство на професорката Јелиз Караман Бешир)

Упатуваме честитки до учениците и менторите со желби за понатамошни професионални успеси.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани