Угостителите да направат дезинфекција и дезинсекција, апелираат од Центарот за јавно здравје.
Се наближуваат Новогодишните празници, период кога се очекува Охрид и Струга да бидат посетени од голем број туристи и гости. Со цел да се намали ризикот, превенира и избегне појавата на инфекции и труења предизвикани од биолошки, хемиски или физички причинител, кои можат да предизвикаат штетни последици врз здравјето на луѓето. апелираме и ги потсетуваме угостителските работници, сопственици на хотели, ресторани, кафулиња, маркети и сл. на законската обврска за навремено вршење на:
– здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци и сл. (на секои 6 месеци), собарки (на секои 12 месеци)
– дезинфекција, дезинсекција, дератизација на просториите во објектите (на секои 6 месеци).
Во интерес на заштита на здравјето на населението, Центар за јавно здравје Охрид со своите човечки и технички капацитети е подготвен да излезе во пресрет на потребите и барањата за професионално и навремено вршење на горенаведените услуги, апелираат од Центарот за јавно здравје.