Украдени вредни резби од црквата во Радожда

Ограбена црквата во селото Радожда Струга.

На 01.11.2017 година ПС-Струга М.С. (58) пријавил дека во периодот од 29.10 до 01.11.2017 година во црквата „Св.Илија“ (атар на село Радожда) била извршена тешка кражба од страна на непознат сторител, на тој начин што насилно ја отворил влезната врата од задната страна на црквата, се упатил кон иконостасот од каде одзел две табли изработени од резбано дрво и уште три резбани дела, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани