Украински параглајдеристи паднаа на Галичица

Двајцата биле повредени, едниот тешко другиот полесно.

Вистинска драма се случувала на небото над Галичица попладнево околу 15 часот, кога двајца украински параглајдеристи паднале на падините на планината, на албанска територија. Според извори на Охриднет, двајцата, полетале од Галичица на македонска територија и за брзо време,  силниот ветер ги насочил кон албанска страна. Во еден момент почнале нагло да губат висина и паднале на падините на планината. За брзо време свои екипи на Галичица во близина на македонско-албанската граница упатиле Националниот парк и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид како и Македонската гранична полиција.Спасувачката мисија се одвива во координација со албанските погранични служби.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани