Во периодот од 13 до 15 јуни 2025 година, во прекрасната природа на автокампот Љубаништа, се одржа Летен едукативен камп во организација на здружението Viel Science од Охрид, со поддршка од Општина Охрид.
На кампот учествуваа ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид. Програмата беше богата и разновидна: се реализираа ИТ работилници, еколошки активности, креативни и едукативни игри, како и рекреативни и забавни содржини. Целта на кампот беше поттикнување на тимската работа, неформално учење и развивање на интерес кај младите за науката, технологијата и заштитата на животната средина.
Голема благодарност упатуваме до автокампот Љубаништа за топлиот прием и несебичната поддршка, како и до сите соработници кои помогнаа во реализацијата на овој настан.
Кампот беше вистинско доживување исполнето со дружба, нови знаења и позитивна енергија!
