Утврден идентитетот на рибарот кој загина кај „Горица“

Полицијата го утврди идентитетот на лицето кое почина кај Горица. 

На 04.05.2022 година во 07.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро кај комплексот „Горица“ било забележано едно повредено лице. Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н.(63) од Охрид, кој паднал и починал. Смрт без траги на насилство констатирала од екипа на Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles