Величествена Ѓурѓовденска литија во Струга

Со божествена  Ѓурѓовденската  литија  Струга  денес  се  поклони   на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи. Илјадници  верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица  и Пречиста со чудотворните мошти на светителот и  Карниниската икона на Бгородица го осветија  градот на мостовите.

Верниците на заштитникот на градот, почит му оддаваа  стоејќи на двете  страни на улиците  и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе.

 Верувајте ми дека ова торжество што денес се случува тука кое е културолошки најавтентично и го покажува духот, традицијата идентитетот на нашата православна црква како и на нашата држава пред целиот свет е едно од најбогатите сведоштва. Силно посакувам оваа пасхална радост, оваа убавина да биде перманетен настан за македонскиот народ“ рече  Ефимија монахиња од Рајчица.

Глетката величествена. Покрај биењето на камбаните,  пеењето на свештениците беше пропратено со хор и орекестар. Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови за нив се посебени,  ја чуствуваат милоста на заштитникот на градот.

 Јас сум многу среќна за овој ден, носијата ми е од Подгорци баба ми ми ја направи

Овој ден во Струга претставува многу среќа и сплотеност на народот не само во струшкиот регион туку и за цела Македонија, мило ми е што ја носам оваа носија на Мијачката гарда

Не постојат зборови кои што можат да ја опишат радоста денес, посакувам секој еден македонец, секој верник да биде дел од овој ден кога Свети георѓи чекори по овие улици

Литијата е одлика на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан , денес  една од најголемите литии на Балканот,   се негувала  два  векови, а е  возобновена последниве петнаесет  години.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани