Велигденска честитка од СВР Охрид

СВР Охрид, до православните верници упати Велигденска честитка.

По повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни верници упатуваме искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение. Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, љубов, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани.Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи, правдата, единството и на сите вистински вредности  во општеството.Блискоста и партнерството со граѓаните, законитоста, професионализмот, етичноста, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива нашето работење  кон изградба на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со  новите безбедносни предизвици.За многу години Велигден, Христос воскресе, стои во празничната Велигденска честитка испратена од припадниците на охридската полиција.

Social profiles