Верниците ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение!

Синоќа точно на полноќ илјадници верници ја дочекаа  радосната веста за Христовото воскресение.

И додека биеја камбаните во сте православни цркви низ Охрид   верниците со свеќи во раце се помолија за подобро утре.

Охриѓани и бројните туристи за време на велигденските празници ги преполнија древните храмови на брегот на Охридското езеро.

-За многу години Христос Воскресе…За здравје и за мир., вели еден верник.

-Мир на сите луѓе во Макеоднија и на православието. Да сме здрави и живи дедо Боже да ни помогне, порача еден охриѓанец.

-Ќе се помолиме за благосостојба, за мир, здравје на сите граѓани на РМ, вели еден верник.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани