Весело во Охрид, Кајмакоски ги разигра бројните посетители

Илјадници охриѓани и туристи синоќа во весела амосфера ја дочекаа 2018 година на охридскиот плоштад. Даниел Кајмакоски им приреди вистинска забава.

Точно на полноќ имаше и огномет. На градскиот плоштад беше и градоначалникот Јован Стојаноски со сопругата и пријателите. 

-„Еве имавме еден прекрасен дочек на 2018 година. Се андева дека во идните години ќе имаме уште поубави вакви прослави. И многу сум среќен што народот вака убаво се забавува. На гостите кои дојдоа во Охрид им посакувам да си поминат убаво  и секогаш да ни доаѓаат ние сме госторпиливи а тие да уживаат. На моите охриѓани им посакувам многу здравје, многу разум и многу среќа. Сите желби да им се исполнат во оваа 2018 година“, посака Стојаноски. 

Приоритет во идната година на новата локална власт е Охрид да го добие заслуженото место.

-„Приоритет ќе бидат многу проекти, поврзани со инфраструктурата во градот, уредување на улиците, на централните подрачја но и сите делови на Охрид“, подвлече градоначалникот. 

-„Прекрасно е чуството секогаш кога доаѓам во овој крај бидејки ова е мојот роден крај. Навистина ми е мило што можев со нашите охриѓани и стружани што заедно прославивме нова година. Фала што мепоканаа и викнаа мене многу сум горд што сум присутен на оваа забава“, рече Даниел Кајмакоски.

 

Забавата траеше до доцна во ноќта, а за вечерва повторно се најавува богата програма. За прослава на Првата вечер на Новата година на Градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат Dj Jane, Жанко ЗШ Голабоски, Жармена и Китроз, а ѕвезди на вечерта ќе бидат Бени и Нон Стоп.

ФОТОГРАФИИ:

Фотографија на Од 20 До 20 Сите Во Охрид.

Фотографија на Од 20 До 20 Сите Во Охрид.

 

 

Фотографија на Од 20 До 20 Сите Во Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани