Вевчанци ќе го блокираат патот Струга Дебар

Членовите на ВМРО ДПМНЕ од општина Вевчани најави протест со блокади на патот Струга Дебар.

 

-„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура на централно ниво предводена од СДСМ, како и последните политички хајки кои што ги спроведуваат врз невини граѓани, а се однесуваат на настаните од 27 Април 2017 година, со што не враќаат назад 70 години, во времето на Информбирото, Ви Соопштува и Ве повикува сите слободоумни граѓани:

Во знак на солидарност со сите жртви кои неосновано се обвинети за тероризам и притворени, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани Ве информира дека на ден 17.12.2017 година (недела) во периодот од 13:30 часот до 14:30 часот ќе организира јавен собир – протест со блокирање на регионалниот патен правец Струга – Дебар поточно кај кракот од регионалниот пат кој води до Вевчани односно во местото викано Суво поле“, стои во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Вевчани. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани