Кривична за поранешната директорка на Музеј Тања Паскали

Министерството за култура поднесе кривична пријава против  поранешната директорка на Завод и музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска.

Поради непостапување по судска одлука, за отстранување на потпорни ѕидови до музејсkиот комплекс „Куѓа на Робевци“, во спор со еден од соседите го оштетила буџетот на установата за 120 000 евра. 

Предметот од 2009 година до денес го криела во фиока. А дневната камата била 3000 денари. 

-„Тужителите на 24,10,2017 година повторно на истиот начин преку извршител по истата пресуда од 2009 година за дневни пенали ја блокираа сметката на Завод и музеј Охрид. До овој момент штетата која е предизвикана од неодговорното однесувње , односно неизвршувањет на службената должност на поранешната директорка изнесува вкупно 7 561 507 денари или околу 123 000 евра“ , вели министерот  Роберт Алаѓозоски. 

Спорниот ѕид го сруши новото раководство на 05,12 годинава и тоа за трошок од 500 евра. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани