Во Вевчани, во просториите на Мултикултурниот центар, се одржа работилница во рамки на новата програма „Pont Connect“, во организација на ПОНТ.
Настанот ги обедини учесниците во средина препознатлива по природните убавини и традицијата, што според организаторите претставува идеална атмосфера за размена на идеи, соработка и поттикнување на креативноста.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, се обрати на присутните и посака успешна работа, нагласувајќи го значењето на ваквите иницијативи за развој на локалната заедница.
Општина Вевчани, заедно со „Еко Свест Вевчани“, се јавуваат како домаќини на настанот, кој има за цел да поттикне инспиративни дискусии и создавање на нови партнерства.
Од општината изразуваат уверување дека ваквите активности придонесуваат за афирмација на Вевчани како место кое ги поддржува иновациите и соработката.


