Вевчани ќе набави мини багер за подобрување на комуналната инфраструктура

Вевчани – Општина Вевчани продолжува со инвестиции насочени кон зајакнување на техничките капацитети за изградба и одржување на локалната комунална инфраструктура, информира градоначалникот Спасе Кочоски.

Во рамки на овие активности, во текот на 2026 година ќе се реализира проект за набавка на нов мини багер, кој ќе придонесе за поефикасно извршување на комуналните услуги.

Проектот ќе се спроведе во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа.

Од локалната самоуправа потенцираат дека со оваа инвестиција ќе се подобрат условите за работа на комуналните служби, како и квалитетот на услугите за граѓаните.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани