Вевчани со засилени инфраструктурни зафати – се подобруваат пристапните патеки

Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека на терен се реализираат повеќе градежни зафати насочени кон унапредување на локалната комунална инфраструктура.

Како што посочува, во тек се активности за поправка, санација и уредување на пешачки патеки и јавни површини, со цел подобрување на условите за движење и користење на просторот од страна на граѓаните.

Паралелно се работи и на пробивање и тампонирање на пристапни патишта, како и изградба на бетонски канали за наводнување, што треба да придонесе за подобра функционалност и одржливост на инфраструктурата во општината.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани