На брегот на Охрдидското езеро веќе се чувствува празнична магија градот блесна во Новогодишно руво. Илјадници сијалички и светлечки реквизити го красат главниот туристички центар. По теркот на европските метрополи годинава на двата плоштади ќе има Новогодишни базари за посетителите. Од Локалната велат се организира масовен дочек на Новата година на градскиот плоштад, со богата музичка програма која ќе биде објавена деновиве.
-На двата плоштади ке бидат поставени унифицирани типизирани куќарки за продажба на хрна и сувенири како и за продажба на новогодишни украси со што би се збогатила и онака бгатата понуда на градот Охрид, каде што многубројните туристи ќе може да уживаат во Новогодишната атмосфера, вели Александар Попоски директор на ЈП Градски пазар Охрид.
Од Хотам велат годинава има голем интерес за Новогодишните празници најбројни традиционално ќе бидат гостите од соседството, особено од Србија каде туристичките агенции на големо го нудат Охрид за дочек на Новата година.
ФОТО









