12 годишниот Марко Пејчиноски успеа да го преплива Охридското езеро.
Денеска, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, малиот Марко Пејчиноски од Охрид направи голем и херојски подвиг.
Тој успеа да ја преплива маратонската патека од Свети Наум до Охрид, во должина од околу 30 километри.Значењето на ова херојство на нашиот 12 годишен сограѓанин е дотолку поголемо бидејќи Марко, за жал, има сериозен здравствен проблем на коска на долните екстремитети. Но Марко, има силна желба и покажа дека соништата може да бидат реалност.

Своите тренинзи, Марко ги имал скоро една година, преку зима во базенот на хотелот „Тино“ потоа во отворениот базен на спортскиот центар „Билјанини извори“.
На големиот 12 годишен пливач-херој, му изразуваме вистинска почит и му посакуваме да отплива подалеку од здравствениот проблем и да се вивне во врвовите на македонското и светско пливање.

