ВИДЕО: Подароци од Михајло Филев за туристките од Црна Гора

Михајло Филев, познатиот изработувач на оригинални бисери, воедно Почесен конзул на Р Србија во Охрид по шеснаесетти пат по повод  Денот на жената подари охридски бисери на туристиките во градот.

Во дворот  на древната Света Софија , во близина Музејот на охридскиот бисер,  Филев им подари бисери на групата туристки од Црна Гора.

-Ова е една убава традиција која ја продолжуваме, имаме група од Црна Гора и ни претставува огромна чест и задоволство што можеме вака со едно симболично подарување, по повод Денот на жената брендот Охридски бисер Филеви и едно цвеќе да им оддадеме почит, вели Михајло Филев.

Гостинките воодушевени, сите добија накит изработен од сребро украсен со  вредни бисери.

Пријатно изненадени велат овој гест ќе го паметат вечно.

-Ние секој можен празник организираме една тура за Охрид. Многу ни се допаѓа гостопримството на македонскиот народ, пријатни и гостољубиви луѓе и секако природата културно историските споменици и Охридското Езеро, вели Дејана Булатовиќ туристички водич од Црна Гора.

Фотографии

 

ВИДЕО:

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани