Раната пролет донесе нов снег во Охрид. Попладнево снежни врнежи формираа мала снежна покривка и во градот.
Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Поради обилни врнежи од снег, денес се воведени повеќе забрани за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци низ државата.
Од 15:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Дополнително, од 18:00 часот на патот Тетово – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема, односно ланци, за сите видови на возила.
