ВИДЕО: Тринаесет денови битка со пожарот на Галичица

Тринаесет денови трае битката со пожарот на Галичица. И денес се деjствува и од копно и од воздух. Стотина пожарникари  помогнати од планинари и волонтери, и два воздухоплови се nа терен, но  состојбата и натаму е специфична.

Откако преку ден ќе се стави под контрола, силните ветрови во ноќта повторно ги разгоруваат жариштата и се  шири пожарот. Се уште се активни трите огнени фронта. Над селото Стење,  кон  месноста Војтино и кон планинарска куќа на Црвениот крст.

-„Состојбата е таква да источниот и северниот фронт се релативно примирени а најглема активност имаме на западниот фронт во мсеноста Зли дол каде што е исклучитлено тешко да се делува проади непристапноста изразитите косини во тој предел каде што луѓето кои се справуваат со пожарот  е многу тешко. И многу непристапно за механизација и помошни средства“….Митко Темелкоски раководител  на П.Е.  ЦУК Охрид.

Макотрпно и деноноќно се  вложуваат надчовечки напори состојбата да се стави под контрола, но олемината на огнениот фронт, исклучително непристапниот терен  и неповолните временски услови го отежнуваат локализирањето на пожарот.

-„Преку ден имаме го гаснеме пожарот, навечер ни се пали тоа значи дека сепак к треба поголема поддршка да го изгаснеме за преку нок да ги нема истите жаришпта. Тоа место што вчера го изгаснавме сабајлево ни е 20 метри надолу пак пробиено. Ни треба технологија сабајлево повикавме булдожер  да се пробие прошири пат да се спречи да слегува надолу““, вели  Ромео Ристески планинар.

Изминативе 13 денови стотина експлозии на гранати од минатите војни ја тресат планина и дополнително го отежнуваат справувањето со огнената стихија.

Надлежните смируваат велат нема простор за паника, нема опасност по селата, куќите и населението.

 

Новинар Соња Рилковса

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани