Викал и недоличо се однесувал во општина Охрид

На 23 јануари 2026 година, околу 16 часот, во СВР Охрид бил пријавен инцидент во службени простории на подрачјето на општина Охрид. Настанот предизвикал вознемиреност, откако Љ.С. од охридско село со викање и непристојно однесување го нарушил јавниот ред и мир.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани