„Вис Билјана“ и Брајтм и Виктор донираа средства на педијатриското одделение

Финансиските средства собрани од хуманитарниот концерт во чест на Андреј Лаброски кој се одржа оваа година, ВИС Билјана заедно со Брајтм  и Виктор донираа средства во износ од 180.000 денари на одделението за педијатрија во општа болница Охрид.
Донирани се:
-Два клима уреди и сервис на еден клима уред
-ЕКГ со педијатриски штипки и пумпици
– Пулсоксиметар со неонатален сензор
– Четири медицински креветчиња
Од средствата собрани на забавно – хуманитарен настан “На Бована Сараиште” на одделението за педијатрија донирани се : грејни тела, чаршафи, штитници за душеци и ќебиња.
-Од срце им благодариме на сите кои донираа, донираните средства директно ќе влијаат на унапредување на здравствената грижа, дијагноза и третман на најмалите пациенти, пишуваат од охридската болница.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани