Општина Охрид го донесе решението за лицата кои ќе добијат стипендија согласно Одлуката за спроведување на мерки за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби.
За учебната 2024/2025 год согласно Јавниот повик за доделување на стипендии на лицата со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид, ќе бидат стипендирани 43 баратели.
